Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ ја прозва Владата за Предлог-буџетот: Нови долгови, а нема пари за граѓаните

    18.11.2026 во 09:37

    Се судрија два камиони и два автомобили, загинаа три лица – страшна несреќа го потресе регионот

    18.11.2026 во 09:36

    Дожд во повеќе градови, УХМР информира каде врнело најмногу – За денеска најавен „потоп”

    18.11.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ ја прозва Владата за Предлог-буџетот: Нови долгови, а нема пари за граѓаните
    • Се судрија два камиони и два автомобили, загинаа три лица – страшна несреќа го потресе регионот
    • Дожд во повеќе градови, УХМР информира каде врнело најмногу – За денеска најавен „потоп”
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја отвори темата за „Алта банка“, сега молчи за продажбата на акциите
    • Ја тепал по главата и ја удирал од ѕид – полицијата упаднала во стан и спасила девојка која со денови била затворена
    • Над 100 илјади кубни метри огревно дрво произведени за три месеци
    • Нови податоци за земјоделството: Намалена вредноста на откупот и продажбата
    • Губењето на говорот не значи губење на личноста: Отворен првиот клуб за лица со афазија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ ја прозва Владата за Предлог-буџетот: Нови долгови, а нема пари за граѓаните

    СДСМ ја прозва Владата за Предлог-буџетот: Нови долгови, а нема пари за граѓаните

    18.11.2026 во 09:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски планира во 2027 година дополнително да ги задолжи граѓаните за две милијарди евра, а како спорен аргумент за новото задолжување ги посочува тврдењата за долговите што треба да се враќаат.

    Од опозициската партија велат дека во Предлог-буџетот за 2027 година, кој го предлага министерката за финансии Гордана Кочоска, за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно околу една милијарда евра.

    Според СДСМ, ова е значително помалку од сумата од две милијарди евра за која, како што тврдат, Владата планира да се задолжи во текот на следната година.

    Од партијата обвинуваат дека со актуелните политики јавниот долг дополнително расте и дека товарот од задолжувањето ќе падне врз граѓаните.

    СДСМ предупредува и на влошување на животниот стандард, посочувајќи ги растечките трошоци за живот, стагнацијата на платите и најавените поскапувања на парното и електричната енергија во 2027 година.

    Од опозицијата велат дека, наместо средства за зголемување на минималната плата на 600 евра, повисок студентски оброк и поголема поддршка за земјоделците, Владата планира нови задолжувања и дополнителни трошоци за камати.

    „Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат, а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците“, наведуваат од СДСМ.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Дожд во повеќе градови, УХМР информира каде врнело најмногу – За денеска најавен „потоп”

    18.11.2026 во 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја отвори темата за „Алта банка“, сега молчи за продажбата на акциите

    18.11.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.