Поради улични дефекти на водоводната мрежа, дел од корисниците во Скопје денеска и утре ќе останат без вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Денеска, 18 ноември, поради уличен дефект на улицата „Козјак“ бр. 7, прекинато водоснабдување ќе има на потегот од сервис „Мечкаров“ до ГЕТ кафе, во населбата Кисела Вода.
Прекинот започнал во 09:05 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Утре, 19 ноември, без вода ќе останат жителите на Љубош и Батинци. Причината е уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-150 милиметри на улицата „Пат за Батинци“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 05:00 часот и ќе трае до завршување на работите за отстранување на дефектот.

