Close Menu
Press24
    Најново

    По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава

    18.11.2026 во 10:59

    Орце со видео по една година мандат: „Кога се сака градот и народот, се наоѓа пат”

    18.11.2026 во 10:56

    Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа

    18.11.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава
    • Орце со видео по една година мандат: „Кога се сака градот и народот, се наоѓа пат”
    • Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
    • Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци
    • Неколку скопски улици денеска без вода – Утре ќе снема уште во 5 наутро
    • Утре средба што може да го промени светот: Трамп, Путин и Си Џинпинг ќе седнат на иста маса
    • Цената на нафтата паѓа
    • СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, бараме одговорност за случајот со Сара
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава

    По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава

    18.11.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Посетата на папата Лав XIV на Перу заврши со уште една незгода, откако автомобилот во кој се превезувал нагло закочил за да избегне судир со мотоцикл. При ненадејното запирање, поглаварот на Римокатоличката црква со главата удрил во наслонот на предното седиште.

    Инцидентот се случил во градот Каљао додека папата се движел во колона возила, објави 4news.mk, а на видеоснимките од настанот се слушаат извиците и реакциите на верниците собрани покрај патот. По ударот, папата кратко му се обратил на возачот, но засега нема потврда дали претрпел повреди, ниту дали во моментот носел сигурносен појас.

    Ова е втор ваков инцидент за време на неговиот престој во Перу, откако претходно, додека се возел во папамобилот низ Лима, бројаница фрлена од верник го погоди во пределот на окото.

    Папата Лав XIV во вторникот наутро се врати во Рим по 12-дневната турнеја низ Латинска Америка, која финишираше токму во Перу – земја чие државјанство го поседува покрај американското.

    Пред заминувањето, тој им се заблагодари на Перуанците за гостопримството:

    „Се чувствував како дома, а вие ме потсетивте дека Црквата е навистина семејство“, изјави папата, пренесува „Ватикан њуз“.

    Инаку, пред да биде избран за поглавар на Католичката црква, Лав XIV со години живеел и служел во Перу како мисионер и бискуп, со особено силни врски со градот Чиклајо, поради што земјата ја смета за своја втора татковина.

    Прочитај повеќе

    Утре средба што може да го промени светот: Трамп, Путин и Си Џинпинг ќе седнат на иста маса

    18.11.2026 во 10:36

    „Го донесов за појадок, но го истурив врз неа“: Се огласи жената која истури јогурт врз Лидија Вукиќевиќ

    18.11.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.