Шилегов: Кога едноставно немаш одговор на сопствената глупост, викаш „Петре е пијандура"

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, возврати на објавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук кој него го нарекува алкохоличар.

– Инспириран од „одговорот“ на мојот претходен статус на ФБ на гласноговорникот дпмновски (а и коментарите на верната им простачка публика): Кога си интелектуално инфериорен, кога немаш аргументи да одговориш, кога те боли вистината или кога едноставно немаш одговор на сопствената глупост, викаш: Петре е пијандура. Јас тоа го читам: глуп сум (и тоа бајаги глуп кога е Шилегов во прашање), не знам како да му одговорам на Шилегов на фактите негови, мака ми е што не сум толку успешен, способен и паметен како него, па ај ќе викам дека Шилегов е пијандура… Терајте вморончиња (а и некои други), далеку ќе стасате. П.С. За да си портпарол на партија, треба бајаги да пораснеш. Висок и пораснат не е исто, пишува во репликата Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега