Голем пожар на пристаниште во Хрватска: Изгореа најмалку 30 јахти


Утрово најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра.

Дел од јахтите веќе се потонати.

Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии, јави ХРТ . Пожарот се шири од една на друга јахта. Засега нема информации за жртви во пожарот.

15.05.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега