Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари

    31.10.2026 во 12:37

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог

    СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог

    05.08.2026 во 11:122 Mins Read
    СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Андреј Жерновски.

    „Нашите информации од Брисел се дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила. Тоа се сигнали кои пристигнуваат и од Брисел, и од Берлин, и од Париз“, изјавија од СДСМ.

    Од партијата велат дека се исцрпени сите претходни обиди и пораки од Владата, кои, според нив, биле претставувани како можни решенија за евроинтегративниот процес.

    „Се почна со одложено дејство, потоа со специјални услови, па со најави за посебни договори. Најново беше тврдењето дека Македонија би можела да влезе во Европската Унија без право на глас. Сето тоа падна во вода“, посочија од СДСМ.

    Според нив, сега Владата се обидува претходните позиции да ги претстави како политичка победа.

    „Единственото нешто што го прават е да најдат начин она што до вчера го нарекуваа лага и велепредавство да го претстават како успех“, велат од СДСМ.

    Од опозициската партија се осврнаа и на изјавите на владини претставници поврзани со Преспанскиот договор, јазикот, идентитетот и НАТО, оценувајќи дека има промена во ставовите во однос на периодот кога ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција.

    „Се сведочи на нагол пресврт во политиката и дипломатијата на Владата. Денеска се признаваат работи кои претходно беа предмет на напади кон тогашната власт“, наведоа од СДСМ.

    Од партијата порачаа дека, според нив, граѓаните наскоро ќе видат дека политиките на СДСМ биле насочени кон европската интеграција и иднината на државата.

    „Доаѓа период кога ќе стане јасно кој ја зборувал вистината и кој носел одлуки за добробит на граѓаните и идните генерации“, порачаа од СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.