Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Родителите на настраданите во „Пулс“ се простија со Панчо: Пренеси им поздрав на нашите ангели

    Родителите на настраданите во „Пулс“ се простија со Панчо: Пренеси им поздрав на нашите ангели

    14.10.2025 во 14:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Родителите и роднините на настраданите трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ изразија сочувство до семејството на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК.

    Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ преку социјалните мрежи изрази болка, солидарност и повик за правда за сите младешки животи кои беа одземени во пожарот во дискотеката.

    „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила.

    Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставајќи празнина која не може да се пополни.

    Како родители, кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија.

    Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.

    Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно.

    Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца. А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде!“, се вели во потресната објава на „Фејсбук“.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.