Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката на Основниот кривичен суд Даниела Димовска избрана за Агент на промени

    Претседателката на Основниот кривичен суд Даниела Димовска избрана за Агент на промени

    11.11.2025 во 10:232 Mins Read
    Даниела Димовска
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВД Претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска е избрана за Агент на промени во тримесечниот Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Република Македонија (2021–2026), спроведувана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ)

    Преку обуките на ДЦАФ, насочени кон развивање на наставни капацитети, структурирано споделување на знаења, прецизно дефинирање на проблемите и поттикнување на судски дискусии, В.Д. Претседателката стекна значајно практично искуство како обучувач. Со тоа, таа активно влијаеше врз унапредувањето на етиката,управувањето со конфликти и јавната комуникација, што сега успешно се применува и во работата на Основниот кривичен суд Скопје – се вели во соопштението на Судот.

    Оттаму објаснуваат дека ова  признание претставува потврда за посветеноста на В.Д. Претседателката Димовска кон независноста, ефикасноста и транспарентноста, преточени во конкретни и мерливи резултати во функционирањето на судот.

    „Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) промовира добро владеење и реформи во безбедносниот сектор. Центарот спроведува истражувања за добрите практики, го поттикнува развојот на соодветни норми на национално и меѓународно ниво, ги прави препораките за политиките и обезбедува програми за советување и помош во земјата. Партнерите на ДЦАФ ги вклучуваат владите, парламентите, граѓанското општество, меѓународните организации и опсегот на услугите во безбедносниот сектор, вклучувајќи ги и воените, полициските, судските, разузнавачките агенции и службите за гранична безбедност.“ – информираше Кривичниот суд во своето соопштение.

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.