Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 октомври 2026 година, полициски службеници на различни локации во Скопје лишиле од слобода повеќе лица кај кои биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, соопшти МВР.
Според полициските информации, приведени се Ш.Б. (45), С.П. (27), Б.О. (37), А.Т. (29), Л.С. (34), Б.Т. (45) и Е.С. (23), сите од Скопје, како и еден 14-годишен малолетник од скопско село. Исто така, приведени се и Г.Ч. (33) и Д.А. (19) двајцата од Велес, Н.Ф. (22) од Тетово, како и државјанинот на Турција, А.Ч. (24).
Кај сите нив при контролата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежните институции.

