Подгответе се за скопски сообраќајни гужви: Стигнува претседателот на хрватското собрание

 

Од 5-ти до 7-ми март (среда, четврток и петок) поради официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, ќе се спроведе посебен режим на сообраќај на поширокото централно подрачје на град Скопје.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5-ти до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, информираат денеска од МВР.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

04.03.2025 - 19:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега