Орбан утре во Париз на покана на Макрон

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на унгарскиот премиер, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.

Главна тема на состанокот, кој ќе се одржи на иницијатива на францускиот лидер, ќе биде руско-украинската војна.

Во неделата, лидерите и дипломатските претставници од 18 земји се сретнаа во Лондон, предводени од британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Макрон, за да разговараат за безбедноста на ЕУ.

Тоа се случи откако средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, заврши без договор. После тоа, САД денеска ја прекинаа воената помош за Украина.

Унгарската Влада денеска ја поддржа оваа одлука на администрацијата на Трамп.

„Претседателот на САД и унгарската Влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“, изјави портпаролот на унгарската Влада.

04.03.2025 - 21:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега