Сашо Дранго што се сликаше со убиена мечка доби замена: Македонија пат има нов директор
Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како заменик директор во „Македонија пат“. Информацијата самиот ја сподели на друштвените мрежи. ТВ21 побара одговор од Влада, дали поради убивањето и сликањето со мечка Сашо Дранго е разрешен од функција, но до објавување на овој текст, одговор не добивме.
„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до Претседателот на Владата, Г-дин. Проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски.
За сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка. Како што тогаш тврдеше, тој не ја застрелал мечката, туку таа била жртва на сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност.
Дали во меѓувреме Дранго бил повикан на распит или не, не може да се дознае.
Последната изјава од премиерот Христијан Мицкоски беше дека не верува во приказната на Дранго за убиената мечка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа