Close Menu
Press24
    Најново

    Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање

    28.11.2026 во 11:31

    Жена од Гостивар со тешки телесни повреди примена на КАРИЛ, осомничен е сопругот

    28.11.2026 во 11:02

    Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание

    28.11.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање
    • Жена од Гостивар со тешки телесни повреди примена на КАРИЛ, осомничен е сопругот
    • Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание
    • Возетете внимателно: Коловозите се влажни, има магла на патниот правец Куманово – Страцин
    • Силен земјотрес ја стресе Македонија
    • Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината
    • Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра
    • „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање

    Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање

    28.11.2026 во 11:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

    Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот.

    Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

    Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

    Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

    Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

    Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од IV и V век. 

    Основата врз која се појавил божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. 

    Во V век, папата Лав Велики сведочи за пост пред Божик, но и во овој период неговата должина и строгост значително варирале помеѓу различните христијански заедници. Постот често се нарекувал „Филипов пост“ затоа што започнувал по празникот на свети апостол Филип, на 14 ноември.

    Во периодот меѓу VI и IX век, источните цркви постепено го прифаќале постот како 40-дневна подготовка, но оваа практика сè уште не била официјално усогласена низ целиот христијански Исток.

    Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград  во 1166 година.

    Постот не подразбира само воздржување од одредени видови храна –  месо, млечни производи и јајца, туку и почеста молитва и учество во богослужбите, покајание и преиспитување на сопствените постапки, простување и помирување со ближните, милосрдие, помагање на сиромашните и на оние на кои им е потребна помош, воздржување од лоши мисли, зборови, осудување и навреди.

    Целта е човекот да се ослободи од себичноста, гневот, зависта и омразата и да го дочека Божик со чисто срце.

    Прочитај повеќе

    Жена од Гостивар со тешки телесни повреди примена на КАРИЛ, осомничен е сопругот

    28.11.2026 во 11:02

    Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание

    28.11.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.