Close Menu
Press24
    Најново

    Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание

    28.11.2026 во 10:54

    Возетете внимателно: Коловозите се влажни, има магла на патниот правец Куманово – Страцин

    28.11.2026 во 10:37

    Силен земјотрес ја стресе Македонија

    28.11.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание
    • Возетете внимателно: Коловозите се влажни, има магла на патниот правец Куманово – Страцин
    • Силен земјотрес ја стресе Македонија
    • Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината
    • Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра
    • „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски
    • Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер
    • Син го нападнал и повредил сопствениот татко
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание

    Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание

    28.11.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек е подготовката на два специјални закони со кои се предвидуваат поволности за младите брачни парови при обезбедувањето сопствен дом. Се очекува законските решенија да бидат доставени до Собранието следниот месец.

    Првиот закон предвидува младите брачни парови да можат да купуваат станбен простор по цени за 20 проценти пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година.

    Анализите за утврдување на цените се во тек, а според првичните податоци, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20 проценти, цената би изнесувала околу 1.530 евра за квадратен метар.

    Според предложеното законско решение, секој инвеститор што ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10 проценти од станбената површина за лица кои ќе ги исполнуваат законските услови. Еден од критериумите предвидува најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години.

    Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии кон општините за младите кои ќе градат сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но со новото законско решение се планира нејзино проширување на целата територија на државата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека двата закона се дел од заложбите за создавање подобри услови за живот на младите и олеснување на пристапот до сопствено домување.

    Според партијата, со овие мерки се прави чекор кон решавање на еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите брачни парови – обезбедувањето сопствен дом.

    Прочитај повеќе

    „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски

    28.11.2026 во 10:04

    Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

    27.11.2026 во 21:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.