Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

    28.11.2026 во 10:14

    „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски

    28.11.2026 во 10:04

    Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер

    27.11.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра
    • „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски
    • Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер
    • Син го нападнал и повредил сопствениот татко
    • Тешка сообраќајка на обиколницата „Мајка Тереза“ – петмина итно пренесени во болница
    • ВИДЕО: Блокиран патот Охрид – Скопје, возило излета од патот
    • Нов хорор: Жена итно пренесена на скопските клиники – брутално е претепана, деформиран и е ликот
    • Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив пристап во проширувањето на ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

    Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

    28.11.2026 во 10:142 Mins Read
    Screenshot
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска  во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

    Наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио.

    Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.

    „Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

    Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката

    27.11.2026 во 19:15

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките растат за 188 денари

    27.11.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.