Петровска: Вложуваме во способностите на секој припадник на Армијата, оттаму потекнува силата на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата за обука и доктрини.

 

Министерката Петровска разговараше со командирот на Кампот, потполковникот Ванчо Ташев на кого му порача дека инвестирањето на во човечките капацитети, заедно со опремувањето со нова и модерна опрема е прв приоритет за Министерството и дека обуката на вода е еден значаен сегмент за севкупен развој на способностите на припадниците на Армијата.

 

„Министерството и Армијата активно вложуваат во способностите на армиските припадници. Силата на нашата Армија доаѓа од силата на секој наш припадник поединечно и затоа посветуваме особено внимание на Воената академија и сите наши центри за обука во армиската Команда за обука и доктрини, вклучувајќи го и Кампот за обука на вода во Охрид“, рече министерката Петровска.

 

Кампот за обука на вода изведува обука во пливање, нуркање, изработка на импровизирани пловни средства и совладување на водени препреки за припадниците на Армијата, вклучувајќи ги и специјалните единици.

10.05.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега