Мицкоски: Европа и светот видоа дека Бугари во Устав е најмалиот проблем

 

Европа и светот имаа можност да ги видат вистинските намери на Бугарија, рече Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи новинарско прашање поврзано со посетата на Претседателката Сиљановска на Софија.
„Европа и светот на отворена сцена можеа да видат а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем. Таму малку поголема или да бидам попрецизен, многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. И уште еднаш, Европа и светот можеа да видат дека не е Бугарите во Устав вистинската намера на официјална Софија, туку многу, многу повеќе од тоа. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но оној пат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ќе мора да реагираме и денеска ќе биде тој демарш врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“ – рече Мицкоски.

16.09.2024 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега