Мицкоски: Очекувам уште три странски инвестиции до крајот на годината
„Да веќе претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции кои што изминатиов период заедно присуствувавме и ги отпочнавме. Очекувам во период кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за следната 2025 година, но и за годините коишто следат потоа“, информираше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови странски инвестиции во земјава.
Претседателот Мицкоски посочи дека носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните, укажувајќи дека Владата ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој на државата.
„Воедно носењето на нови странски инвестиции, значи и отворање на нови работни места, подобар и поквалитетен животен стандард за граѓаните на што Владата и во иднина ќе работи, со цел да се постигне силен економски развој на државата, што впрочем е и еден од најважните приоритети на Владата“, дециден е тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа