ФОТО: Шкупи и Шкендија како да играа во Тирана – дури и билетите беа националистички

„Албанско дерби“ испишано албанска национална иконографија. Вака изгледаа картите за натпреварот од првата македонска фудбалака лига меѓу Шкупи и Шкендија. 

Порталот „Спорт1“ пишува дека албанска национална иконографија на средбите на дел од прволигашите веќе стана редовна пракса. 

-Овој пат се претера бидејќи сѐ поврзано со овој дуел, почнувајќи од најавата па до продажбата на билетите, асоцира на сѐ освен на натпревар од македонското првенство. Ова почна со завчерашното видео објавено од чаирчани каде што почна најавата на „албанското дерби“, во кое ама баш со ништо не се споменува дека се игра во Македонија, а кулминира со билетите кои домашниот тим ги пушти во продажба. Спорни (за нашата држава и регионот) личности од албанската историја доминираат на парчето хартија без кое не можеше да се влезе на стадионот „Чаир“, залепени врз огромно албанско знаме и зборовите „албанско дерби“ кои доминираат. На билетот нема ни М од нешто поврзано со Македонија ниту, пак, знаме на државата во која се игра средбата, а единствен „компромис“ е ставањето на логото на Првата лига на кое нема никакви обележја карактеристични за нашата земја, пишува „Спорт1“ објавувајќи фотографија од билетот.

15.09.2024 - 17:46
Фото: 
Спорт1

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега