Внимавајте: Сѐ уште мамат стари луѓе со наводни сообраќајка на блиски луѓе
На 13.09.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
14.09.2024 - 15:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа