„Во бестрага“ - Шилегов со песна им го честиташе новото раководство на СДСМ

 


Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, повторно ја привлече јавноста со необичен начин на изразување на своето незадоволство. Вчера, на својот Фејсбук профил, тој ја сподели песната „Во бестрага“ на Игор Џамбазов и Нокаут, без да додаде дополнителен коментар.

Шилегов всушност со песната ја критикува смената на раководството во СДСМ и насоките во кои се движи партијата. Текстот на песната, кој говори за разочарување и несигурност, се поврзува со моменталната ситуација во партијата.

Ова не е првпат Шилегов да ја критикува СДСМ на социјалните мрежи.

28.11.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега