Тетката на убиената Низама добива закани - "Спиеш ли мирно, убиецот е жив"

 

Убавата Низама Хеќимовиќ од Босна беше убиена во 2023 од нејзиниот насилен партнер Нермин Сулејмановиќ, откако пријавила насилство во полиција. Случајот го потресе цел Балкан, а Нермин по убиството се самоуби.

Зијада Вуковиќ, тетката на убиената Низама, за медиумите раскажа низ каква голгота поминува. 

- Благодарение на мојот психолог и сите кои беа покрај мене го поминав тешкиот период. Сега одам само напред. Добивав закани. Се случуваше да ми дојде порака на Фејсбук во 2, во 3 ноќе...Ми пишуваа Нермин е жив, спиете ли мирно, се плашите ли...изјавила тетката на Низама.

Таа пријавила се во полиција, но вели дека одговор не добила.

Инаку, Нермин брутално ја претепа, па ја уби со истрел во главата својата невенчана сопруга, па во крв ја оставил нивната ќерка која била со нив во моментите на ужасот и си заминал. 

Според последните информации кои ги објавија медиумите, Низама побегнала со детето кај тетка ѝ, каде разбеснетиот убиец кога дознал дека го пријавила, ја пронашол, па ја киднапирал и ја однел во викендица каде ја тепал ја и потоа ја убил.

20.02.2025 - 08:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега