Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

    31.10.2026 во 13:30

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари

    31.10.2026 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите

    Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите

    05.08.2026 во 11:192 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги објави температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Најтопло претпладнево е во Гевгелија, каде уште пред 12 часот се измерени 33 степени. 32 степени се измерени во Велес и Зајчев Рид.

    Во Скопје во 11 часот УХМР измери 31 степени.

    Според мерењата на УХМР, моментално во Македонија најниската температура е 20 степени, на Попова Шапка.

    Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

    Препораки за горештините:

    Избегнувајте директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот, особено од 10 до 17 часот.

    Пијте доволно течности, најдобро вода, дури и кога не чувствувате жед.

    Носете лесна, широка и светла облека, како и капа или шешир при престој на отворено.

    Користете заштита од сонце и престојувајте во разладени простории кога е можно.

    Избегнувајте тешка физичка работа и спортски активности во најтоплите часови.

    Не оставајте деца, постари лица или домашни миленици во паркирани возила, дури ни кратко време.

    Возрасните лица, хронично болните, бремените жени и малите деца треба да бидат особено внимателни.

    Редовно проверувајте ги лицата кои живеат сами или имаат потреба од помош.

    Внесувајте лесна храна, повеќе овошје и зеленчук, а избегнувајте тешки и масни оброци.

    Проветрувајте ги просториите во раните утрински и вечерните часови, а во текот на денот затворете ги ролетните или завесите.

    При појава на симптоми како вртоглавица, слабост, главоболка, мачнина, забрзано чукање на срцето или збунетост, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

    31.10.2026 во 13:30

    Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари

    31.10.2026 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.