Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
- Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
- Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
- Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
- Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
- Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
- СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
- Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

