Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подароци за дојава за инспекции: Даночни инспектори обвинети за поткуп и прикривање неправилности поврзани со „Пулс”
    • Скопјанец се јавил во полиција: „Ме истепаа и ми го оштетија возилото”
    • Драма во Скопје: „Три лица ме истепаа мене и сопругата”
    • Температурите под нула, студ во Македонија – УХМР најавува и снег
    • Здравствената грижа во затворите под лупа на Народниот правобранител и ОБСЕ
    • Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје
    • Стефковски со честитка за Петковден: „Нека верата ни дава сила во тешките мигови”
    • „Рекордери сме по уставни измени“: Сиљановска отвори прашања за Уставот по 35 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Подароци за дојава за инспекции: Даночни инспектори обвинети за поткуп и прикривање неправилности поврзани со „Пулс”

    Подароци за дојава за инспекции: Даночни инспектори обвинети за поткуп и прикривање неправилности поврзани со „Пулс”

    27.10.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапки против девет лица за сомневања за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување службени документи, поврзани со даночните контроли во дискотеката „Пулс“ и други фирми.

    Против три лица е поднесен обвинителен акт, додека за шест е поднесен обвинителен предлог, информираат од Јавното обвинителство.

    Според обвинението, двајца даночни контролори примиле очила и рачен часовник од лице кое било одговорно во повеќе фирми, во замена за информации за ненајавени контроли на Управата за јавни приходи и МВР.

    Еден од контролорите, според обвинителството, преку пораки на Вибер му откривал информации за активностите на институциите. При контрола на 6 март 2024 година, двајцата контролори утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но не ги внесле во записникот. Со тоа, како што наведува обвинителството, на буџетот му била нанесена штета од 98.400 денари поради ненаплатена глоба. Вториот контролор е обвинет и за фалсификување службен извештај.

    Обвинителен предлог е поднесен и против четворица даночни контролори и инспектори, како и против вработена во Државниот пазарен инспекторат. Според обвинителството, тие не евидентирале утврдени неправилности при контролите на фирми поврзани со реален сопственик кој е татко на лицето обвинето за давање поткуп. Дел од извештаите, според наводите, биле фалсификувани, поради што не биле наплатени законските глоби.

    Во случајот е опфатен и реалниот сопственик на фирмите, кој, според обвинителството, им помогнал на инспекторите во дејствијата за кои се товарат.

    Од Обвинителството информираат дека во рамки на истата кривична пријава постапката за две лица е запрена поради застареност, додека за други две е утврдено дека нема основи за гонење за наведеното или друго кривично дело што се гони по службена должност.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Скопјанец се јавил во полиција: „Ме истепаа и ми го оштетија возилото”

    27.10.2026 во 08:59

    Драма во Скопје: „Три лица ме истепаа мене и сопругата”

    27.10.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.