Голема акција на ФБИ - пронајдени 168 деца кои се занимаваат со проституција
Во голема акција на американското Федерално истражно биро (ФБИ) спроведена во околу сто градови минатата недела, пронајдени се 168 деца кои се занимаваат со проституција и идентификувани се 281 макроа, објави денеска Министерството за правда на САД.
- Секое дете заслужува да биде живо и здраво, а со мерките, како што е оваа акција ширум земјата, можеме да го завршиме циклусот на жртвување, изјави директорот на ФБИ, Џејмс Комеј.
Најголем број на уапсени и пронајдени жртви имало во Атланта во Џорџија, во Кливленд во Охајо и во Лос Анџелес и Сакраменто во Калифронија
24.06.2014 - 16:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа