Тешко повреден мотоциклист од Куманово - се судрил со две возила

 


Во СВР Куманово синоќа околу 21.10 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т. и Е.С., констатирани во болницата во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

 

03.06.2025 - 15:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега