Николоски: Финансирањето на проектите ќе биде без скриени трошоци

 

До 20 проценти ќе работат компании од Велика Британија, до 30 проценти ќе се вградуваат компоненти исто од Велика Британија. Работниците не се ограничени, може сите работници кои ќе работат на проектите да бидат од Македонија, за разлика од договорот со Синохидро за изградба на автопатот Кичево-Охрид каде стои дека најмалку 51 процент  од работата да ја изведува кинеската компанија и работници да се донесени од Кина, објасни вицепремиерот Николоски во интревјуто на "Топ Тема".
 
‘Во делот на работници воопшто нема никакви ограничувања, може сите работниции да се од Македонија. Она што ќе се вградува, до 30 проценти да е произведено во Велика Британија. Имајќи предвид дека ако зборуваме за пругата, модерните пруги користат софистицирани системи за сигналзиација, тоа се системи кои возовите ги носат на автопилот, самите управуваат со воз итн. За жал тоа се системи кои ние не ги произведуваме и веројатно тоа ќе е британската компоненета која ние ја немаме”-истакна вицепремиерот Николоски.  
 
Во однос на премијата за заемот, Вицепремиерот потенцираше дека овој процес ќе биде транспарентен за сите граѓани, односно од финансиските институциии ќе се бара трошокот за заемот да биде единствен без скриени и дополнителни ставки.   
 
“Нашето барање за финансирање е да добиеме финансирање со единствен трошок. Да поедноставам,  кога земаме кредит таму вели ЕУРИБОР плус 1 ама после тоа имате уште пет шест ставки со ситни букви банкарски напишани итн. Нашето барање ќе биде да имаме единствена цена на чинење и ќе ја избегнеме премијата на начин што тоа ќе биде обврска на финансиската институција која што ќе понуди финансирање и таа да си го вкалкулира во сопственото финансирање.
Односно, доколку повлечеме средства од 2 милијарди и доколку ние добиеме камата од 10 %, знаеме дека 10 % ни е каматата и нема да имаме плус, односно кога ќе го правиме годишниот план ќе знаеме колку треба да враќаме без таа ставка за ова, она итн.  Велиме дајте да бидеме транспаретни пред луѓето и да дадеме целосен трошок, а дали банката ќе ги плаќа провизиите, ќе ги добие како донација или сл,  нас не не интересира. Дајте точна каматна стапка. Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата”- истакна вицепремиерот Николоски 
03.06.2025 - 20:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега