Да му помогнеме на Бране: Да замине на лекување во Турција

 

На Бране од Велес му е карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб. Потребно е итно да замине на лекување во Турција. Доколку сте во можност ве замолуваме да помогнете во процесот на собирање на финансиски средства.

Имам само 37 години. До пред неколку месеци живеев како и многу други – сонот ми беше иднина со мојата сакана Марија, дом, семејство, деца, заеднички утра. Бев активен, спортував, градев живот.А денес – секој здив ми е болка, секое будење страв.

Животот ми се смени за миг кога ми ја соопштија дијагнозата:

Карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб.

Состојбата брзо се влоши – едвај дишам, имам отежнато движење, во стомакот ми се собира вода, телото ми слабее секој ден.Татко ми ја изгуби истата битка. Сега, мајка ми, брат ми и Марија се тука покрај мене… но веќе не можеме сами. Мора да заминам во Турција веднаш – за да започнам подготвителен процес пред лекување.

 На 10.06 треба да заминам за Турција – таму ќе ми направат детални испитувања и ќе ме подготват за терапијата што може да ми го спаси животот.

21.000€ се потребни само за овој прв, но пресуден чекор.

Колку ќе трае и ќе чини целото лекување – ни јас не знам… но знам дека без оваа фаза, понатаму нема.

Не сакам да се откажам. Сè уште имам надеж. Имам за кого да живеам.

Затоа ви се обраќам со отворено срце –

Ве молам, донирајте. Споделете. Помогнете.

Секој придонес е чекор кон лекување. Секое споделување е светлина во мојата темнина.

Секој од вас може да биде дел од мојата шанса за живот.

Времето тече. А јас се борам. Но не можам сам.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

https://pavelandreev.org/.../da-go-spasime-zivotot-na-brane

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

 

 

03.06.2025 - 21:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега