Што открива вашиот личен стил за вашиот карактер

 


Сигурно сте слушнале дека се потребни само 7 секунди за некој да го стекне првиот впечаток за вас.

Без разлика дали тоа ви се допаѓа или не, облеката што ја носите има голема улога во тоа како ве перцепираат другите – но и во тоа како самите размислувате за себе. Сте се запрашале ли некогаш зошто се чувствувате поинаку кога носите тренерки, за разлика од чувството кога ќе ја облечете вашата омилена фустан? Или зошто, кога имате важен состанок, инстинктивно посегнувате по онаа сигурна, добро позната блуза?

Облеката што ја избирате дефинитивно може да направи да се чувствувате стилски и самоуверено, но според психологијата, таа може да влијае и врз вашето расположение, како и врз тоа како другите ве гледаат – бидејќи рефлектира дел од вашата личност и емоции. Можеби вашата гардероба и не е само комбинација од ткаенини, бои и кроеви што „ве служат“ – можеби таа има своја тајна моќ, една скриена порака што комуницира и со другите, но и со вас самите?

Пред да откриеме што вашиот стил кажува за вашата личност, одвојте момент за внатрешна анализа и препознајте во која од следниве категории припаѓате.

03.06.2025 - 23:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега