Пејачката Синди конечно ќе ја види својата ќерка

Познатата српска пејачка Ивана Стаменковиќ  позната како Синди и е одземено старателството над ќерката Петра, конечно денеска ќе ја види својата принцеза која не ја видела ни слушнала повеќе од десет дена.

- Конечно ќе ја видам на два часа! Ми дозволија да ја гледам два дена во неделата по два часа и секој втор викенд да остане кај мене, како да сум криминалец, а не мајка на детето со кое сум била постојано и сум се грижела за неа, сум дала се на светот за да биде згрижена и среќна. Ви благодарам на сите за поддршката и утехата, но јас ќе бидам неутешна се додека не се врати мојот ангел и не биде со мајка му, каде што и е местото. Што се однесува до правните работи, со адвокатите поднесовме жалба и очекуваме одговор од повисокиот суд – вели Синди.

 

24.06.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега