Вреди за одлуката на Управен во Желино: Правдата победи, волјата на граѓаните ќе надвладее

„Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат“, соопштија од коалицијата Вреди по однос на донесената пресуда на Управниот суд да ја одбие тужбата на Европскиот фронт за избирачко место во Желино. Со ова доколку ДИК одлучи да има прегласување во Желино, коалицијата Вреди може да добие мандат повеќе, а ДУИ да изгуби. 

„Промената започната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце (им 2101) во среда (22 мај) да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори.

Промена е неповратна. ВРЕДИ за Желино и за секој граѓанин во нашата земја“, стои во соопштението на Вреди испратено до медиумите.

18.05.2024 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега