МВР се чисти од корумпираните, фатен полициски службеник со над 10 илјади евра мито, се испитува кај кого требале да завршат парите

 

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра. 

Акцијата ја спровело Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција.

Според информациите, инспекторот посредувал за добивање социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаност со други високи полициски службеници.

Извршен е претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола. Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.

18.05.2024 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега