Маркез: Подготвени сме за победа над Хрватска

Само еден бод му е потребен на Мексико на денешниот дуел против Хрватска за да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Бразил.

Тоа го знае најискусниот во редовите на Мексико, поранешниот фудбалер на Барселона, Рафаел Маркез иги советува своите соиграчи да одиграат многу смирено и спокојно.

-” Ова е нашиот најважен натпревар. Мораме да го издржиме притисокот и да доиграме како досега. Работевме многу напорно во претходните два меча и не смееме тоа да го испуштиме против Хрватска. Се работи за одлична екипа и воопшто нема да биде лесно. Мора да дадеме се од себе, да дојдеме барем до тој посакуван бод и да се пласираме во наредната фаза ” , изјави Маркез кој досега на 122 натпревари за националниот тим има постигнато вкупно 15 погодоци.

 

23.06.2014 - 16:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега