МОБ: “Слугинка Господарка“ од утре на сцената

На Малата сцена во Македонската опера и балет, во среда, 18 јуни и петок, 20 јуни со почеток во 20 часот ќе биде изведена комичната камерна опера “Слугинка Господарка“, која неодамна ја имаше својата премиера.

Операта „Слугинка Господарка“ од Џовани Батиста Перголези е копродукциски проект чија цел е да ја приближи камерната комична опера на љубителите на овој жанр. Проектот е во режија на Трајко Јордановски. 

 

Ќе настапи млада солистичка екипа: Анѓелка Гајтановска, Марија Наумовска, Симона Чакарјанева, Невен Силјановски, Кристијан Антовски, Андреј Наунов и Никола Стојчевски придружувани од камерниот оркестар на МОБ. Диригент - Иван Еминович.

17.06.2014 - 10:42
Фото: 
Нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега