Раст на БДП во првиот квартал од 3,9 проценти

Бруто домашниот производ во првиот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти. 

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, раст е забележан во повеќе сектори - во градежништвото има пораст од 13,7 осто, во финансиско посредување, активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, други комунални, општи и лични услужни активности од 4,7 отсто и Е-Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3,3 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,3 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81,4 проценти.

Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 9,8 проценти.

13.06.2014 - 15:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега