На Табановце за влез и излез од државата се чека 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. И тоа во петок од 15:00 – 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и во недела од 07:00 до 22:00 часот.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа