Николовски: ВМРО-ДПМНЕ го закочи европскиот пат на земјата а ги разочара и оние кои гласаа за нив
Кога зборуваме за оваа влада треба да нотираме дека ги изневери очекувањата и на граѓаните кои очекуваат да продолжи европскиот пат, но и на оние кои гласаа за оваа влада. Затоа што поддршката за оваа влада беше не дека Преспанскиот договор е ремек-дело, туку се ветуваше дека преспанскиот договор ќе биде минато, дека уставното име нема да се споменува од никој од функционерите, а гледаме штанцање на стотина закони во скратена постапка само за промена на името во Северна Македонија, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „Дејли клик“ на ТВ21.
Николовски додаде дека во никој случај не станува збор за укинување на Преспанскиот договор, за договорт со Бугарија, којшто беше најмногу критикуван, плус ветувањето дека ќе се промени преговарачката рамка.
-Денеска гледаме дека Преспанскиот договор е ремек дело, воопшто не се чепка во договорот со Бугарија, гледаме дека, иако на почетокот имаше најави за промена на преговарачката рамка и ние како СДСМ кажавме да, со две раце ќе гласаме доколку се понуди подобра и поповолна позиција и доколку се обезбедат некакви гаранции, меѓутоа јасно е дека тоа е буквално купување на време, а времето го губиме и за овие и за идните генерации. Роа се потврди само неколку месеци од функционирањето и од одвојувањето на Албанија, којашто ја одржа втората меѓувладина конференција ги отвора поглавјата и ние коишто заглавивме и денеска теми ни се меѓуетничките односи, националистичките прашања, нагласи Николовски.
Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ најмногу потфрли на стандардот на граѓаните, а тука се и сите други случувања во делот на сигурноста, безбедноста, партизацијата.
-Немаме влада којашто има план, очекувањата, со поддрката од граѓаните беа дека има јасна политичка програма, а гледаме продолжување на сите мерки, на сите проекти, без изворни свои и нови политики коишто како влада ги имплементира и исклучително слаба кадровска политика, којашто се виде уште на самиот почеток од работата на владата, нагласи пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „Дејли клик“ на ТВ21.
15.01.2025 - 15:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа