Димитриевски: Си имаме грб - ги задоволува потребите
Државниот грб што го имаме во моментот ги задоволува сите потреби. Не е точна тезата дека само одреден број држави кои се настанати во поствоениот период ги носат комунистичките определби. Денес имате држави членки на ЕУ токму со грбови коишто се донесени уште во тој временски период и се прогресивни и напредни држави, како што е Словенија, изјави вечерва во своето гостување во Дневникот на Сител, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Говорејќи за актуелните ставови во врска со евентуалната промена на државниот грб, Димитриевски потенцира дека тој во целост ја отсликува нашата современа иконографија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа