Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран

 

На патот Валандово - Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З., 56-годишно лице од Република Србија. Ова било пријавено синоќа во 22:44 часот во Секторот за внатрешни работи - Струмица.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, од екипа на Територијалните противпожарни единици - Гевгелија и Дојран, пожарот бил изгаснат, а повредени лица - нема. 

Увид бил извршен.

18.08.2025 - 15:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега