Британскиот премиер: Го поддржувам демократски избраниот Зеленски на чело на Украина
Портпаролот на британскиот премиер вели дека премиерот разговарал со Зеленски и „ја изразил својата поддршка за него како демократски избран лидер на Украина и рече дека е сосема разумно да се прекинат изборите за време на војна, како што направи Велика Британија за време на Втората светска војна“.
„Премиерот ја повтори својата поддршка за напорите предводени од САД за постигнување траен мир во Украина што ќе ја одврати Русија од каква било идна агресија“, соопшти Даунинг стрит.
Oва се случува откко претходно денес, претседателот на САД, Доналд Трамп упати низа критики до Зеленски, меѓудругото, нарекувајќи го диктатор без избори.
„Тој одбива да ги одржи изборите, тој котира многу ниско на украинските анкети и единственото нешто во што беше добар беше да го игра Бајден „како виолина“, додаде Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа