Фредериксен до Трамп: Гренланд ќе си одлучи за независноста
Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека телефонски разговарала со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му рекла дека Гренланд треба да одлучи за независноста.
-Премиерката во разговорот се осврна на изјавите на претседателот на Парламентот на Гренланд, Муте Б. Егеде, дека Гренланд не е на продажба, се вели во соопштението од канцеларијата на Фредериксен.
Таа истакнала истакна дека на „самиот Гренланд е да донесе одлука за независност“, се вели во соопштението.
15.01.2025 - 21:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа