Биткоинот повторно вреди околу 100.000 долари

 

Биткоинот повторно се приближи до 100.000 долари, откако податоците за инфлацијата во САД, која е пониска од очекуваната, беше меѓу факторите кои го вратија апетитот на инвеститорите за поризични средства.

Последната цена на криптовалутата во вечерните часови по централноевропскот време достигна 99.725 долари, откако претходно кусо се искачи на 100.650 долари. Претходно, цената последен пат достигна вредност од над 100.000 долари на 7 јануари.

Биткоинот се тргуваше во опсег од 90.000 до 100.000 долари во последните четири недели.

15.01.2025 - 23:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега