ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека сите18 пожари на отворено во последното деноноќие се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема.
Пожарите на отворено беа во општините: Гази Баба три пожари, покрај ул.„Зендел Џемаили“ (ниска вегетација и ѓубре), кај с.Идризово (ниска вегетација) и кај с.Смилковци(ѓубриште); Аеродром во реон на Долно Лисиче(ниска вегетација); Зелениково,кај с.Смесница(ниска вегетација); Кисела Вода, покрај ул.„Малешевска“ бб (ниска вегетација);Бутел, покрај ул.„Булевар Словенија“ бб (ниска вегетација и ѓубре); Центар, покрај ул.„Лазар Личенски“ (ниска вегетација); Битола, во атар на с.Гермијан (жито); Кривогаштани, кај с.Кривогаштани (ниска вегетација); Прилеп, кај с.Беровци (ниска вегетација); Струмица, кај с.Гачерлија(депонија); Струга, во атар на с. Велешта(стрниште); Кичево, кај с.Пренка(стрниште); Кавадарци, с.Мрена(ниска вегетација, суви багреми и напуштено лозје); Неготино, покрај патен правец Неготино – Градско (ниви); и во Општина Лозово два пожара: кај с.Лозово (ниска вегетација) и кај с.Милино (ниска вегетација).
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2 024 повици . Од нив „реални“ повици биле 59,78%, а 40,22% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,92%, кон Итната медицинска помош 26,53%, a кон пожарникарите 3,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 834 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,80%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,25%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, од утре, 08 јули до 10 десети јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец , Лениште , Селце , Лагово , Беровци , Кадино Село , Галичани , Тополчани , Ерековци , Канатларци , Чепигово , Тројкрсти , Мажучиште и Мало и Големо Коњари.
Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.
Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека утре од 10:00 до 15:00 часот, се планира да се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонации од минирањето.
Од ЦУК информираат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа