ФОТО: Вратена оградата околу Владата

Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата, соопшти директорот на СОРЗ на социјалната мрежа ФБ.
„Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална.
Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција“, напиша Томовски на ФБ.

07.07.2024 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега