Македонија во четврток настапува на Евровизија

Вечерва ќе се одржи првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија во Данска.

Пред околу 10 илјади луѓе и 180 милиони гледачи ширум светот, во салата “B&W”, 16 земји вечерва во 21 часот ќе се борат за влез во големото финале. Годинешниот слоган е „Придружете ни се – во срцето на дијамантот“. 

Сцената е висока неверојатни 40 метри, а во реализацијата на проектот се вклучени 700 луѓе и дополнителни 500 волонтери. Акредитирани се околу 1.600 новинари од повеќе од 80 земји. Водители на шоуто се Емили де Форест, актуелната победничка на минатиот избор за песна на Евровизија.

06.05.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега