„Подарете книга за велигденско јајце“

Осмата манифестација „Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ денеска од 10 до 14 часот ќе се одржува во Домот на култура „Илинден“ по повод големиот празник Воскресение Христово-Велигден.

Во текот на денешниот ден учениците од трите основни училишта и децата од градинката во општина Илинден ќе украсат 2.014 велигденски јајца. Децата ќе му подаруваат јајце на секој посетител што за возврат ќе подари книга. Собраните книги се наменети за Општинската библиотека Илинден.

Од општина Илинден изразуваат благодарност до претставниците од бизнис секторот, повеќе издавачки куќи, научни институции, факултети, ученици од основните училишта, како и големиот број граѓани кои дарувале книги за првата Општинска библиотека Илинден и за библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“.

17.04.2014 - 09:22
Фото: 
кафепауза.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега