Пожарот подметнат, познат идентитетот на сторителот - нови детали за изгорените автомобили во дворот на болницата во Струмица

 


Вчера во 08.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(34) од Струмица.

Тој се сомничи дека околу 05.00 часот предизвикал пожар на две возила, паркирани во кругот на Општа болница Струмица. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

18.02.2025 - 12:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега