ДУИ се налутија: Никој во државава не го честиташе Денот на независноста на Косово
Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. Ова преку соопштение до јавноста го велат денеска од ДУИ.
- Овој чин не само што е дипломатски превид, туку и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедство и регионална соработка. Истовремено, со сите државни почести, беше пречекан Милорад Додик — политичка фигура позната по своите деструктивни ставови кон евроатлантските процеси и принципите на регионалната стабилност. Оваа очигледна диспропорција во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава. Таквото однесување е резултат на растечкото влијание на концептот на „Српскиот свет“ во Северна Македонија — проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата, велат од таму.
Партијата додава дека промовирањето на оваа идеологија на сметка на пријателските односи со Косово е недозволиво и штетно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа