ФОТО: Ова е убиецот од Босна - Ја задави сопругата и малолетниот син

 

 

Емир Селимовиќ кој е осомничен дека ги убил својата сопруга Инела Селимовиќ и нивниот 13-годишен син во нивниот стан во Калесија, изведен е денеска пред Обвинителството во Тузла.

Тој беше уапсен во селото Горња Мравица откако полицијата го забележала во шумата, откако со денови беше во бегство.

- Во Обвинителството може да биде задржан и 24 часа. Ќе бидат разгледани сите околности и предлогот за мерка притвор, велат од Обвинителството за Босанските медиуми.

Селимовиќ е осомничен дека ја задавил сопругата која сакала да се разведе и го задушил нивниот 13-годишен син во нивниот стан во Калесија, по што побегнал со автомобил Шкода Фабија.

18.02.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега